Понедельник
30.09.2024
01:36
Форма входа
Поиск
Календарь
«  Май 2014  »
ПнВтСрЧтПтСбВс
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031
Архив записей
Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 0
Друзья сайта
  • Официальный блог
  • Сообщество uCoz
  • FAQ по системе
  • Инструкции для uCoz
  • Статистика

    Онлайн всего: 1
    Гостей: 1
    Пользователей: 0

    Мой сайт

    Главная » 2014 » Май » 31 » Хеморагичен шок. Воени повреди на екстремитети
    01:25

    Хеморагичен шок. Воени повреди на екстремитети





    Околу 50-75% од бласт повредите и тие предизвикани од проектили ги вклучуваат екстремитетите. Отворените повреди треба да се покријат со стерилни гази пред да се имобилизираат. Имобилизационите шини треба бидат едноставни и ефективни, да ја редуцираат болката и да превенираат понатамошно оштетување на мекото ткиво, притоа да не ја компромитираат инервацијата и васкуларизацијата на екстремитетот. Првата помош исто така вклучува и инспекција на екстремитетот дистално од повредата, превенција на хеморагичен шок, доколку има голема загуба на крв, давање пеницили како и вакцина против тетанус. Во некои случаи потребно е да се направи и Rtg.на екстремитетот.

    Приодот кон раната се прави преку инцизија на кожата, најчесто по долгата оска на екстремитетот, со девијација на превоите, и фасцијата исто така се отвара долж инцизијата.Присутното коскени фрагменти, стран материјал и дебрис треба да се отстранат, а краевите на коската да се израмнат. Големите крвни садови треба да се репарираат, додека нервите примарно не се репарираат туку само се фиксираат за да се превенира ретракцијата, исто така и тетивите не се сутурираат примарно. Фрактурите се стабилизираат надворешно, внатрешна фиксација е контраиндицирана во воената хирургија. По завршената интервенција се прави проверка дали е отстрането целото мртво ткиво и дали има адекватна декомпресија на компартманите на фасцијата. Сите рани се оставаат отворени за DPC, и само се прекриваат со газа.


    Доколку има сомневање за компартмент синдром, декомпресија треба да се изврши без одложување. Најчесто компресија се јавува кај мали пенетрирачки рани на ногата.Најчесто е непрепознаен. Единствен симптом за латерална компресија може да е изгубениот осет помеѓу првиот и вториот прст на стапалото.


    Знаци за компартмент синдром се силна болка

    • Ослабено движење на прстите и зглобот

    • Изгубен осет на стапалото

    • Бледило на кожата

    • Ногата е цврста и напната

    Повредите на зглобовите може да се третираат со проширување на лацерацијата или преку посебна стандардна инцизија.Се работи на бескрвно операционо поле. Оштетното ткиво се ексцидира и се отстрануваат сите страни тела, дебрис и се измива со физиолошки. Синовиумот се затвара а останатото ткиво се остава отворено за DPC. Ако не може да се затвори синовиумот се затвара капсулата.


    На зглобните повреди се прави стандардна преврска и се имобилизираат. Повредите на шаката и стапалото се чести во случаите на мултипли повреди но ретко добиваат доволно внимание. Егзаминацијата на повредениот екстремитет трба да се изведува без анестезија и под добро светло. Треба да се нотираат невролошките и васкуларните повреди.Раната треба да се измие со физиолошки раствор и минимално да се ексцидира кожа затоа што кожата кај екстремитетите е највредното ткиво. Пристапот на раната не треба да се врши од дорзалната страна. Оштетните нерви и тетиви треба само да се третираат без примарно сутурирање. Фрактурите на коските треба добро да се исчистат а само екстремно деструираните прсти да се ампутираат. Додека кожта и на масивно оштетените прсти треба да се зачува. Раните се оставаат отворени и се покриваат со газа. Зглобовите треба да се имобилизираат и подигнат во следнава позиција.

    • радиокарпален зглоб - дорзофлексија 30
    • метакарпофалангеални зглобови - флексија 70
    • интрафалангиални зглобови - флексија 10-15
    • талокрурален зглоб - дорзофлексија 90

    Неафицираните прсти треба да се остават слободни. Исто и врвовите на прстие треба да се гледаат за да се следи крвоснабдувањето. DPC треба да се изведе по 3-5 дена за шака и 6-8 дена за стапало.

    Повредите на периферните нерви може да се изолирани или како што почесто е случај здружени со повреда на крвните садови и фрактури на коските. Репарацијата на нервите се врши кога раната е чиста и здрава, обично 6 недели по повредата, па и подолго, но треба да се внимава да не се создадат контрактури. Повредите на нервите треба да се нотираат за време на ексцизијата и само да се фиксираат за да се спречи нивна ретракција.
    Репарацијата на нервите е контраиндицирана во примарната фаза поради ризикот од инфекција и нејзиното ширење, можноста да оштетувањето на нервот е поголемо отколку што макроскопски изгледа, и фактот дека обвивката на нервот подоцна станува поцвста. Целта на хирургијата во примарната фаза е да обезбеди заздравување на раната без компликации и со минимум цикатрикси. Васкуларните повреди секогаш ги пратат повредите на екстремитетите. Типови на васкуларни повреди се:

    • комплетна транссекција (често и со загуба на дел од васкуларното ткиво)

    • лацерација на артерија (крвниот сад е очуван но дел од неговиот ѕид е свлечен)

    • контузија на артерија (често после нагмечување, без надворешна рана)

    Повредите на артериите треба да се третираат што е можно побрзо, во рок од 6 часа од повредата и да се контролира крварењето. Голем број на фактори влијаат на тоа дали ке се изврши ампутација или не. Рехабилтационите сервиси нудат ограничен број на протези,ограничената медицинска нега диктира порана ампутација, отколку во други ситуации, со цел да се спаси живот, немањето доволно средства за интервенција итн. сето тоа влијае врз одлуката на хирургот дали ке изврши ампутација или не.



    Основни индикации за ампутација

    • екстремно оштетување и контаминација на раните
    • тешка инфекција
    • видливи знаци за одмината гангрена
    • продолжена инфекција со обемно оштетување на нерви и ткива
    • секундарна хеморагија, која не може да се контролира
    • мултипли повреди, каде ампутацијата е наједноставен и најбрз начин за да се спаси живот.
    • Нивото на ампутацијата треба да е што е можно пониско и доколку се работи за долни екстремитети треба да се проба да се зачува зглобот на коленото, посебно ако двата екстремитети се повредени.

    -авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-



    Источник: doktori.mk
    Просмотров: 375 | Добавил: heresper | Рейтинг: 0.0/0
    Всего комментариев: 0